Полицијата уапси 37-годишник за марихуана во Радовиш

На 26.06.2024 во 22.20 часот во Радовиш полициски службеници од ОВР Радовиш го лишија од слобода С.П.(37) од село Подареш, радовишко.

При преглед кај него била пронајдена марихуана.

За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.