Полицијата уапси штипјанец, физички ја нападнал сопругата

Денеска (27.06.2024) во 03.40 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода М.Ц.(45) од Штип.

Била поднесена претходна пријава дека околу 02.30 часот во домот физички ја нападнал неговата 52-годишна сопруга.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.