Утре оваа улица во Карпош ќе биде без вода

Најавениот прекин во водоснабдувањето во општината Карпош, поради технички причини се одложува за утре, 21.07.2022 година.

Во известувањето од ЈП Водовод и Канализација се наведува дека изведувањето на водоводниот приклучок на ул. Атинска бр.16, поради технички причини се одложува за утре. Прекинато водоснабдување ќе има истата улица од 09:00 часот па се до завршување со работните активностите..