Заврши реконструкцијата на подрачното училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче

- Успешно финализира уште една инвестиција со која го решаваме еден од најважните предизвици за жителите од Долно Лисиче. Проектите во делот на инфраструктурата продолжуваат со реконструкција на внатрешноста и дел од надворешниот дел на зградата на подрачното училиште „Гоце Делчев“, соопшти денеска градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски. 

- На мое големо задоволство, со овој градежен зафат го реализиравме ветувањето кое го дадовме пред граѓаните од Долно Лисиче. Условите во кои се одвива наставата, се еден од предусловите за квалитетен образовен процес, а оваа инвестиција е токму во таа насока. Искрено се надевам дека овој и останатите проекти во делот на образованието ќе бидат мотивација за дечињата, за успешно да ги совладаат знаењата и вештините, но и да постигнат резултати, додаде тој и вети: 

Со истото темпо продолжуваме и понатаму, со цел да обезбедиме поквалитетно образование и простор за развој, посреќни дечиња и поубава општина.