Утре, 11.08.2022 година, поради дефект на затворач ф-80 мм на ул. Скоевска бр. 17, во Радишани, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Според најавата на ЈП Водовод и Канализација и Регионалниот центар за управување со кризи Скопје, водоснбдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот, а ќе трае се до завршување со санација на дефектот.