Улицата „Козара“ ќе се асфалтира и по третпат

Градежните активности ќе продолжат и во следниот период, па така улицата „Козара“ во Капиштец ќе се асфалтира и по третпат.

Досега имаше два неуспешни обиди за поставување на асфалт, па така реконструкцијата се очекува да заврши до крајот на март.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски кажа дека фирмата е избрана на јавен повик уште пред неговото доаѓање на чело на Општината и истата фирма досега има завршено две улици во Дебар Маало и треба да ја комплетира реконструкцијата на „Козара“.