Општина Кисела Вода слави 69 години постоење

Општина Кисела Вода денес слави 69 години од своето постоење. По тој повод се одржа свечена седница на која присуствуваа бројни гости, поранешни градоначалници, претседатели на советот, претставници на бизнис заедницата, уметници и други лица кои добија статуетки-клучеви за трајни заслуги во развојот и афирмацијата на општина Кисела Вода.

Свечен говор одржа градоначалникот Ѓорѓиевски и во него се осврна на историјатот на оваа општина, како и на незјзиниот брз развој и напредок. Набројувајќи ги најзначајните проекти, тој истакна дека во последните три години е реализирано 90 проценти од програмата, но и дека е сигурен дека со заеднички напори, 70-годишнината ќе биде дочекана со 100 процентна реализација од ветеното.

„Со огромна чест и задоволство стојам пред вас денес, на 69-от роденден на нашата Кисела Вода, најстарата општина во градот Скопје. Овој значаен јубилеј го прославуваме под слоганот ,,69 години Кисела Вода, храброто срце на градот”, кој ја отсликува нашата непоколеблива решителност и смелост во преземањето на чекори за напредокот и развојот на нашата заедница“ кажа Ѓорѓиевски