Уапсен крадец: Златно ланче насилно украдено од скопјанка

Денеска околу 11.30 часот, во Скопје, во централното градско подрачје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С. (26) од Скопје.

"Лицето околу 11.10 часот, исто така во централното градско подрачје, со употреба на физичка сила одзел златно ланче од К.А. (55) од Скопје", информира МВР.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки од полициските службеници и А.С. е лишен од слобода и против него ќе следуваа соодветна кривична пријава, а златното ланче е пронајдено и ќе биде вратено на оштетената.