Трајкоска: Претходната влада од уста не ја извади Северна, што не ги ратификуваа Грците меморандумите

(Не) употребата на името Северна и натаму во фокусот на политичката јавност. Како ќе се одвива текот односот со нашиот јужен сосед?

На оваа тема, свој став сподели директорката на Институтот за комуникациски студии Жанета Трајкоска. 

- Грција ќе ги ратификувала 3-те меморандуми кога ќе видела дали новата влада во Македонија го користи името Северна...

Па претходната влада од уста не ја извади Северна, што не ги ратификуваа досега, последниве 3-4 години...на пример?!

Абе еден знак на граница да стават со Северна, наместо Скопиа....- пишува Трајкоска во својата објава и додава: 

- Туку, ај за Грците е очекувано, па и прифатливо, туку овие нашиве што сега коси кубат за некористењето на Северна и длабоко се вознемирени оти Грците се вознемириле, е нив не ги разбирам. Еве, ќе ги разберам кога ќе ги прашаат грчките политичари зошто до сега не се ратификувани т.н. протоколи во времето на Заев и компанија и дали некаде во Грција е напишано уставното ново име на МК и како ни се обраќаат нам, на Македонците.

Кога се правиш на сила будалетинка...

Аман од поробен ум...