Тајната на среќните парови: Која е вештината која е пресудна за успешна врска?

Сите ја бараат таа тајна магична формула која гарантира среќна и успешна врска. Потојано читаме за тоа колкава количина на љубов и секс е потребна за да имаме среќна врска. Но, дали е тоа пресудно? Што е најважно за една врска и како конечно да изградиме среќни врски кои ќе траат?

Ако сакате вашата врска да потрае, морате да совладате една вештина која е пресудна за вашата врска. Не, не се работи за секс, туку за разговарање. Џефри Бернстајн, автор на книгата „Зошто не можеш да ми ги читаш мислите?“ вели дека среќните парови се издвојуваат по тоа што им е пријатно и кога не прават ништо посебно. Ова звучи многу полесно отколку што навистина е, затоа што многумина прават се и сешто само за да не размислуваат или разговараат за својата врска.

Па така, некои парови уживаат во дружење со пријатели, одење во кино, на концерти, спортски приредби, но кога ќе останат сами, се чувствуваат непријатно, затоа што тоа значи дека во одреден момент на дневен ред ќе дојде разговорот за врската.

Бернстајн предупредува дека се повеќе луѓе (и мажи и жени) имаат проблем да остварат искрена комуникација со партнерот. Затоа се држат до вештачките и површни разговори кои создаваат привид дека се е во ред. Но, не е, затоа што порано или подоцна, проблемите ќе испливаат на површна и тоа само поради една причина – недостаток на комуникација.

Не постои добра и успешна врска без добра и искрена комуникација и пред се способноста за отворено разговарање за се што ве мачи.