Посакувам да бев твоја тајна...

Крени го телефонот малку повисоко за твоите другарки да не можат да ти го видат екранот. Кажи им дека причината поради која се смееш додека гледаш во телефонот е затоа што си прочитала нешто смешно. Не затоа што јас ти пишав. Почекај додека нема никој до тебе за да ми вратиш на пораката.

Сакам да бидам твоја тајна, сакам да бидам твоето тајно задоволство.

И ти и твоите другарки знаат дека јас и ти не треба да контактираме. Но, не е лошо за тебе ако е умерено. Јас можам да бидам твојата чаша вино во среда навечер или твоето чоколатце скриено во фиоката.

Дојди кај мене во петок навечер. Кажи им на другарките дека си останала дома и те мрзи да излегуваш. Кажи им на другарките дека ќе излезеш утре затоа што времето ќе биде поубаво. Никој не мора да знае дека си тука и никој не мора да знае дека пак сме биле заедно.

Но, однеси некој друг кога ќе одите на концерт. Однеси друг на собиранките со другарките, а не мене. Затоа што ако ме однесеш мене, тоа ќе биде многу очигледно, а не треба да биде. Јас треба да бидам твојата тајна.

Остави ме да бидам твој план Б. Не треба да се нервираш ако тој не ти пише, јас сум човекот што ќе ти врати на порака. Јас можам да ги правам сите работи кои тој не ги прави или кои сакаш да ги прави. Остави ме да бидам твојот столб, човекот кој прави да се релаксираш. Сакам да бидам твоја тајна.

Кажи ми ги работите кои не можеш да им ги кажеш на другите. Кажи ми за работите кои те мачат или за работите за кои се грижиш. Кажи ми за работите кои не би му ги кажала на него затоа што се плашиш дека ќе те осуди. Можеш да ми веруваш дека сакам да ја запознаам вистинската ти. Можеш да ми веруваш дека ќе те разберам.

И ако сакам да имаме нешто повеќе, само потсети ме на нашиот договор.

Потсети ме дека не треба да им кажам на моите другари за тебе. Потсети ме дека мораме да криеме за да не излезат работите од контрола.

Потсети ме дека сум твојата тајна.

Ние може да бидеме најдобри другари и никој да не знае за нас. Ние може случајно да се бакнеме и никој да не знае. Ние можеме да се скриеме во тајновитост  и да создадеме опкружување каде не постои притисок. Опкружување каде може да си чекориме со наше темпо и никој да не дознае за тоа.

Не ми пречи ако ме држиш заклучен во кутија во која никој не смее да ѕирне. Јас можам да се преправам ако ти можеш да се преправаш. Не мора да си недостасуваме. Однеси го него и запознај го со родителите.

Јас само сакам да бидам твојата тајна...