Судар меѓу малолетник и 60-годишник со мотоцикли во Штип, тројца повредени

Вчера во 11.15 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Анте Банина“, ул.„Сајбие Демир“ и ул.„Митко Недев“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник и мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од И.А.(60), двајцата од Штип, извести МВР.

„Во несреќата се тешки телесни повреди се здобил И.А., а неговата сопатничка Е.А.(59) од Штип и малолетникот се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.