Тешка сообраќајна несреќа кај Битола со смртни последици: Се судрија три автомобили и камион

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на регионалниот пат Битола-Маково каде учествувале три патнички возила и еден камион. Како што соопшти МВР во сообраќајката учествувале патничко возило „сеат” со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(41) од с.Долно Агларци, општина Новаци, патничко возило „бмв” со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(29) од Ресен, патничко возило „рено” со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.О.(48) од Битола и товарно возило „даф” со полуприколка со албански национални ознаки, управувано од В.К.(38) од Република Албанија.

Возачот на “сеат“ возилото од здобиените повреди починал на лице место, а лекарите од Итната помош само констатирале смрт. Со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници во возилото „сеат“ и Д.В.(64) од Ресен, сопатничка во возилото „бмв“, додека со телесни повреди се здобиле возачите Ј.О., Ј.В. и М.С.Н.(36) од с.Долно Агларци, сопатничка во возилото „сеат“, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Битола, велат од МВР.