Сообраќајна незгода: тешко повредена жена од Гостивар

Вчера во 10:50 часот, на патот Маврово – Дебар, во близина на Сенечки Ливади, патничко возило „Фолксваген Голф“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од 76-годишниот Т. М. од Гостивар, излетало од патот, соопшти МВР.

Во несреќата тешко се повредила сопатничката, 49-годишната Л. М. од Гостивар, што било потврдено во Ургентниот центар во Гостивар. Екипа од ОВР Гостивар извршила увид на местото на настанот.