Страшна сообраќајка: Возач тешко повреден, излетал со автомобил од пат

На 23.11.2023 во 07.40 часот во ОВР Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен – Охрид, кај с.Лева Река, ресенско, патничко возило марка „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(32) од с.Велмеј, охридско, излетало од патот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.М., констатирани во специјална Болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен.