Стефковски: Отворено новото спортско игралиште во Керамидница

Денеска, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, заедно со граѓаните на Керамидница и членовите на Советот на општина Гази Баба го пуштија во употреба новото игралиште изградено на тартан подлога во Керамидница.

На игралиштето се поставени нови табли за кошеви и обрачи, како и две стативи за мал фудбал. 

Ова игралиште претставува ново место за спорт и рекреација за жителите на овој дел од општината.

„Секое вложување во спортот повеќекратно се враќа. На овој начин ние не само што вложуваме во спортот, вложуваме и во здравјето и образованието на нашите деца. Верувам дека овој спортски терен ќе им помогне на многу идни спортисти да ги развијат своите таленти и во иднина да се вклучат во професионалниот спорт“, напиша Стефковски