Скопје денес: Делови од две скопски општини ќе останат без електрична енергија

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиеното известување од ЕВН, информираше дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија денес ќе останат делови од две скопски општини. 

Во период од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од  дел од улицата  Крсто Раковски. (Општина Ѓорче Петров), од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од  улица бр. 103 во нас. Волково.  (Општина Ѓорче Петров) и од 10:00 до 13:00 часот, корисниците на  ул. Кленоец бр. 69 и објектите во околината на ТИНЕКС-МАРКЕТ (Општина Карпош).