Делови од две скопски општини денеска без струја со часови

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска (вторник):

- од 08:00 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе останат дел од бул.Партизански одреди, од раскрсница со ул.Ленинова кон раскрсница со бул.Климент Охридски, дел од ул.Наум Наумовски Борче, од ул.Ленинова кон бул.Партизански Одреди, дел од ул.Пиринска (општина Центар)

- од 09:00 до 11:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците околу Stop & Go во Момин Поток (општина Карпош).