И „на плус 40 степени“ делови од Скопје без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок бб на ул. Анте Хаџимитков бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населба Маџирмаало. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.

Исто така, денеска поради уличен дефект ф 50мм на ул.1 бб Горна Матка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Горна Матка. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 до завршување со санација на дефектот.