Скопјанец се повредил бегајќи од кучиња во комплексот клиники

Министерството за внатрешни работи информираше дека денеска во 01.12 часот во СВР Скопје, И.С.(38) од Скопје пријавил дека во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје бил нападнат од кучиња скитници и при обид да побегне паднал и се здобил со повреди.

Повредите биле констатирани во Ургентниот центар во комплексот.