Седум Непалци среде бел ден се обиделе нелегално да влезат во Македонија

Вчера на границата со Грција, МВР уапси седум Непалци кои се обиделе илегално да влезат во Македонија. Против сите нив ќе биде поднесена соодветна пријава велат од МВР.

„На 10.04.2024 во 10.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица привеле седум лица мигранти од Непал, кои се обиделе нелегално да ја преминат државната граница од Република Северна Македонија кон Република Грција. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“.