Приведен дилер во Скопје

Полицијата денес лишела од слобода скопјанец, кај кого претходно била пронајдена поголема количина на марихуана.

- Од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и Единица за интервентна полиција извршен е претрес во дом на М.Д. (30) во скопската населба Драчево. Претходно М.Д. во напуштен објект во Драчево сокрил ранец со марихуана. М.Д. е лишен од слобода и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од МВР.