Приказната за бродот „Скопје“ и котвата во центарот на градот

Сигурно многумина од вас ја забележале котвата во центарот на Скопје, а некои и ја знаете приказната зад неа. 

Се работи за котва која е остаток од брод кој го носел името на нашиот град. Бродот „Скопје”, кој спаѓал во класата полутоварни бродови со носивост до 10.000 тони, пловел со години по сите светски мориња. 

Кога конечно 1984 бил целосно амортизиран, се вратил дома до Ријека на сечење и топење, а котвата симболично била испратена во градот кој го носи истото име. 

Фотографијата е преземена од твитер-профилот „Скопски времеплов“.