Прекрасна фотографија од занаетчискиот дух на скопската чаршија

Старата скопска чаршија е спој на култура, традиција, стари занаети и автентична гастрономија.

Токму поради тоа е и честа инспирација на фотографите, но и на сите посетители. Разни бои, продавници, слаткарници, ресторани од различни кујни, сето тоа ја прави чаршијата уникатна и неповторлива. 

Денеска избравме инстаграм-фотка која е посветена на нашите занаетчии, кои и покрај индустрискиот развој, останале да нè потсетуваат на важноста на рачната изработка.