Пожар беснее на отворен простор во светиниколско!

Регионалниот ЦУК Велес известува за пожар на отворен простор од Свети Николе кон село Горобинци од левата страна на патот. Пожарот на отворено, како што соопштија од ЦУК, е појавен во 23:20 часот.

"Интервенираат пожарникарите од ТППЕ Свети Николе со четири пожарникари и две противпожарни возила, како и дел од мештаните со неколку трактори за одржување на местото, со цел да се спречи проширување на пожарот", велат од ЦУК.