Ужас во Тетово: Малолетна ќерка злоставувана од таткото

Тетовка (31) вчера попладнето го пријавила поранешниот сопруг во полиција, Ш.И. (36) од Тетово, кој според пријавата во СВР Тетово, во неговиот дом ја силувал нивната малолетна ќерка.

"На 28.06.2024 во 00.50 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.И. (36) од Тетово", велат од полицијата.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.