Почнува исплатата на пензиите, еве кога ќе се зголемат!

Исплатата на пензиите за месец јуни ќе се изврши на првиот работен ден од месец јули, односно во понеделник (01.07.2024).

Редовна пензија ќе добијат над 330.000 пензионери, и тие ќе добијат сериозно покачување на пензиите.

Согласно одлуката од вчерашната владина седница во месец септември ќе следи линеарно покачување на сите пензии во висина од 2.500 денари.