Внимавајте што отвoрате на социјалните мрежи, кружи лажен бесплатен курс по англиски јазик!

Измамите кон граѓаните стануваат се почести. Имено на новоотворена страница на Фејсбук, Family service се промовираат бесплатни часови по англиски јазик во името на Владата на Македонија. Станува збор за класична измама која има за цел да ги злоупотреби граѓаните и да ги доведе до заблуда.

На огласот на кој има грб, на лош македонски јазик пишува дека „Владата на Северна Македонија нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за лица од 18 до 65 години“, почнувајќи од јуни 2024 година. Во огласот се наведува дека Владата ќе им додели бесплатен таблет и сертификат во рок од 4 недели.

Некои граѓани поверувале дека огласот е вистински, што се гледа од коментарите под постот. „Почнаа со популистички мерки“, „Нема каде да се аплицира“, се дел од коментарите на граѓаните.