Овие делови од Центар утре без струја

Според добиеното известување од ЕВН Македонија АД, Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре (петок), без електрична енергија ќе останат:

- Во периодот од 08:30 до 10:00 часот, корисниците од ул.Митрополит Теодосиј Гологанов, ЈЗУ Здравствен дом на Скопје ЦО Скопје, Поликлиника Млин Балкан - Идадија (општина Центар).