Ограбени две жени во Скопје, при разбојништвото едната паднала и се повредила

Завчера во 17.15 часот во СВР Скопје, 63-годишната Ч.С. од Скопје пријавила дека околу 15.20 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на сила ѝ одзелo накит.

Исто така во текот на истиот ден, во 14.15 часот во СВР Скопје, 62-годишната В.Т. од Скопје пријавила дека околу 12.45 часот на подрачјето на Гази Баба, едно лице со употреба на сила ѝ одзело накит, по што паднала и се повредила.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.