Нови назначувања на директори на скопските клиники

Новиот министер за здравство Арбен Таравари смени повеќе директори на јавни здравствени установи, а најави уште неколку до крајот на неделава.

Доктор Соња Николова е новата директорка на Институтот за радиологија, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

Доктор Игор Стојковски беше назначен за директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, доктор Андон Чибишев за директор на Клиниката за токсикологија, а поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити за директор на Клиниката за неврологија.

Доктор Ирена Алексиоска Папестиев е новиот директор на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Таа завршила Медицински факултет на УКИМ во 2006 година, како најдобар студент на генерација со просек 9,7 за што добива награда од УКИМ и македонското Лекарско друштво. Специјализација по гинекологија и акушерство завршува во 2012 година на Клиниката за гинекологија и акушерство на која има долгогодишно работно искуство од 2007 година. Во текот на своето образование има бројни престои за стручно усовршување во реномирани центри во Велика Британија, Израел, Швајцарија, и Хрватска.

Таравари на брифингот со новинарите на почетокот од месецов рече дека до петок ќе знае кој ќе биде новиот директор на ГОБ „8 Септември“