Дали можете да замислите колач направен со популарниот рецепт за сутлијаш?
Ви препорачуваме да го пробате, ќе уживате во вкусот.
Состојки:
180 гр брашно
75 гр шеќер
3 јајца
125 гр путер
600 гр сварен сутлијаш
Цимет, мелена плазма
Подготовка:
Од брашното, шеќерот и путерот и од едно јајце направете тесто и ставете го во сад за печење колач.
Изматете две јајца, ставете го сутлијашот и прелијте врз тестото. Печете 40 минути. Посипете со цимет измешан со мелени плазма бисквити.
По желба, можете да додавате овошје, карамел или чоколаден прелив.