Совршена комбинација: Мисиркино месо и басамати ориз

За да го подготвите овој специјалите следете ги овие неколку едноставни чекори:

Мисиркиното месо најпрво се вари. Потоа, се сечка на парчиња, со големина по избор, па се става да се запржи на масло. Печката ја подесуваме на средна температура. 

Откако месото ќе ја добие специфичната боја, додаваме зачин по избор. Се додава сечкан морков и кромид, кои се пржат, доволно за да омекнат. 

Откако ќе омекнат, врз нив се додава оризот и две чаши вода. Оставаме да се свари, со повремено промешување. 

Откако ќе испари водата, додаваме зачин на оризот. 

Совет: доколку сакате, во оризот, додадете ја водата која ви останала од варењето на мисиркиното месо.