За подготовка на алва има повеќе рецепти, некои се потешки, а некои се многу едноставни и не одземаат време за подготовка.
Таков е и следниот:
100 гр путер
100 гр брашно
100 гр шеќер
200 мл вода
Еден ванилин шеќер
Ореви и кокос
Подготовка:
Стопете го путерот, а кога ќе се загрее, односно кога ќе почнат да се појавуваат меурчиња, ставете го брашното во него и пропржете го. Пржете 10 минути, со постојано мешање, додека да добие смесата кафеава боја. Во друго тенџере стопете го шеќерот во водата, со ванилиниот шеќер и оставете да проврие.
Додадете во смесата од брашно. Измешајте добро и кога ќе се излади, обликувајте топчиња или долгнавести овални форми. Декорирајте со ореви или кокос (или со двете).