Старата скопска чаршија е спој на култура, традиција, стари занаети и автентична гастрономија.
Токму поради тоа е и честа инспирација на фотографите, но и на сите посетители. Разни бои, продавници, слаткарници, ресторани од различни кујни, сето тоа ја прави чаршијата уникатна и неповторлива.
Денеска избравме инстаграм-фотка која е посветена на нашите занаетчии, кои и покрај индустрискиот развој, останале да нè потсетуваат на важноста на рачната изработка.