Празниците поминаа, па доаѓа време за детоксикација.
Овој чај има моќ да го подобри имунитетот, да го подобри нашиот метаболизам и да ни помогне во исфрлање на токсините.
Поради високото ниво на антиоксиданти, зелениот чај е моќна состојка која влијае на црниот дроб, особено во процесот на негово чистење. Лимонот е богат со витамин Ц и тој придонесува за ослободување на ензимите, а содржи и пектин кој помага за намалување на шеќерот во крвта. Ериоцитрин е уште еден антиоксидант кој е присутен во лимоните, односно во нивната кора. Во комбинација со зелениот чај, тој придонесува за намалување на воспаленијата, оксидативниот стрес и оптимизација на нивото на шеќер во крвта.
Потребни се само 2 состојки:
Половина шолја зелен чај
Половина лимон
Начин на подготовка:
Исцедете го лимонот и измешајте го со зелениот чај. Напитокот е подготвен и можете да го конзумирате секој ден.