Научниците открија дека постојат 4 видови депресија

Истражувачите и научниците велат дека открилее невролошки докази за постоење на 4 различни типови депресија – откритие кое можеби еден ден ќе им помогне на докторите да ја одберат најдобрата терапија за своите пациенти.

Истражувањето било објавено во журналот „Nature Medicine”.

Депресијата е неверојатен ѕвер кој лесно излегува од контрола. За разлика од физичките болести чии симптоми се наоѓаат во телото, менталните болести се класифицираат и дијагностицираат преку однесувањето на пацентот, наместо преку физички знаци или биомаркери. Постојат многу проблеми со овој пристап, вклучувајќи го фактот дека различни болести можат да ги предизвикуваат истите симптоми и истата болест може да предизвика различни симптоми кај различни луѓе.

Она што ние го нарекуваме „депресија“ е искуство коешто најверојатно има многу различни причинители. Ова го вели коавторот на истражувањето Конор Листон и додава: „Фактот дека заедно сме ги групирале луѓето е голема пречка за разбирање на невробиологијата на депресијата.“

Листон и неговите колеги анализирале скенови од 17 различни истражувачки центри низ светот. Тие ги анализирале скеновите на 1188 луѓе, од кои 40% имале депресија и успеале поблиску да погледнат во 258 мозочни региони на секој од тие луѓе.

Тимот очекувал да најде разлики помеѓу мозоците на луѓето со депресија и на оние кои не биле во депресија. Тие секако ги пронашле тие разлика, но тие исто така пронашле разлики и помеѓу групата луѓе кои имале депресија. Разликите во мозочната активност и поврзаност откриле 4 различнни типови помеѓу луѓето со депресија.

Она што е уште позначајно, овие типови можеле да се поврзат со различни медицински профили. Пациентите кои биле во 1 и 2 група се чувствувале поизморени, додека оние во 3 и 4 група имале проблем да почувствуваат задоволство. Овие групи различно реагирале и на техниките на лечење. 

Се уште е потребно повеќе истражување на оваа тема, но овие откритија се навистина големи и ветуваат многу. Листон вели: „Депресијата не е само една биолошка работа.“