Наша препорака за студените денови: Топол салеп со цимет

Салепот се добива од растението орхис. 

The Spruce / Chelsea Ross 

 

Тој е особено популарен во Турција и земјите од Блискиот Исток, а кај нас станал популарен во Средниот век. 

Салепот е богат со протеини, витамин Д, витамини од групата Б, како и со минералите калциум, калиум, цинк и фосфор. Со овие состојки, тој е одличен борец против сезонските настинки и грип, а и добар чувар на нашиот имунитет во текот на студените денови. 

Според некои истражувања, редовното консумирање салеп помага и во ефикасно намалување на главоболките, кои се предизвикани од стрес. 

Како да го подготвите највкусниот салеп?

Измешајте 2-3 лажици салеп во прав со топла вода или млеко. Како засладувач наместо бел шеќер, можете да додадете мед. На крајот, ставете малку цимет со кој тој ќе добие совршен мирис.