Над 130 сообраќајни санкции изречени вчера во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, девет санкции за користење мобилен телефон при возење, осум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 20 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови“, велат од МВР.