Потребно е:
3 средни тиквички
3-4 јајца
100 гр брашно
150-200 гр мисиркини гради
200 гр кашкавал (ајдамер, трапист или моцарела)
180 мл кисела павлака
сол, бибер
мелен сув зачин
Подготовка:
- Излупете ги тиквичките и со остар нож по должина исечете ги на што потенки парчиња. Ставете ги во цедалка и посолете ги. Оставете ги 30-тина минути во цедалката.
- Потоа увалкајте ги во брашно и испржете ги во врело масло додека да поруменат од двете страни. испржените тиквички ставете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот маснотија.
- Намастете ја внатрешноста на огноопорниот сад во кој ќе печете. наредете еден ред од тиквичките.
- На тиквичите наредете парчиња од мисиркините гради и изрендајте еден слој кашкавал. истата постапка повторете ја додека да ги потрошите сите состојки. последниот слој нека биде од мисиркини гради.
- Изматете ја киселата павлака со јајцата и со оваа течност прелијте ја мусаката.
- На крај може повторно да изрендате малку кашкавал.
- Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степни 30-тина минути.