Мостот кај „Ист Гејт“ ќе биде затворен уште најмалку три месеци?

Деканот на Градежен факултет, Горан Марковски вели дека мостот „Беласица“ кај „Ист Гејт“ ќе биде затворен уште најмалку три месеци.

Иако градоначалничката Данела Арсовска кажа дека мостот може да биде пуштен наскоро, сепак професорот смета дека такво нешто не е возможно без детална анализа.

Деканот на градежниот факултет ја опиша конструкцијата на мостот и кажа дека се потребни три до четири месеци интензивна и високостручна работа за утврдување на состојбата.

- Не сакам да шпекулирам, но можам да кажам дека се потребни три до четири месеци интензивна и високостручна работа за утврдување на состојбата. А ако е потребна негова санација, треба уште повеќе за да се изработи проект и потоа да се санира, вели деканот.