Уапсена кавадарчанка која му се заканувала на сопругот и кавадарчанец кој извршил силување

Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера, во 11:15 часот ја лишеле од слобода 46 годишната кавадарчанка А.Б постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом му се заканувала на две години повозрасниот сопруг.

„А.Б. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.

Истиот ден, во 18:40 часот полициски службеници го лишеле од слобода и 33 годишниот А.Х од Кавадарци по претходна пријава од 26 годишна кавадарчанка со којашто бил во љубовна врска.

„Според пријавеното, на 09.06.2024 во хотелска соба во Кавадарци, А.Х. физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа. А.Х. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат“ од СВР Велес.