Марихуана пронајдена кај младо момче од Скопје

На 22.06.2024 во 22.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т.(25) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.