Три лица каснати од кучиња скитници за едно деноноќие

Денеска (23.06.2024) во 00.25 часот во Полициската станица Аеродром, А.А.(49) од Скопје пријавила дека на кеј на река Вардар во Скопје била касната од куче скитник.

На 22.06.2024 во 10.30 часот во Полициското одделение Петровец, К.П.(31) од нас.Илинден, скопско пријавил дека на ул.„19“ во нас.Илинден бил каснат од куче скитник.

На 22.06.2024 во 22.00 часот во Полициската станица Чаир, О.Б.(21) од Скопје пријавила дека на ул.„Бутелска“ во Скопје била касната од куче скитник.