Марија Андоновска е новата директорка на Институтот за јавно здравје

Со Институтот за јавно здравје ќе раководи Марија Андоновска. Андоновска по професија е дипломиран стоматолог. Работи на Уни­вер­зи­тет­ски­от сто­ма­то­ло­шки кли­нич­ки цен­тар во Скопје и е асистент на Катедрата за болести за забите и ендодонтот. Андоновска била пратеничка во македонскиот парламент, а во моментот е советник во Советот на Град Скопје.

Другата смена е во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде на местото на досегашниот директор Христјан Костов ќе биде доктор Синиша Стојаноски.

Стојаноски е Доцент на Институтот за Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина, а во моментот е пратеник во Собранието.