Малолетничка физички нападната и ограбена кај „Железничка“

Скопјанка пријавила дека нејзината малолетна ќерка била нападната во близина на „Железничка“. 

- На 05.06.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје, М.Д.(39) од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот во близина на железничка пруга на подрачјето на општина Аеродром, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од едно лице, кое ѝ го одзело мобилниот телефон, информираа од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.