Кривична пријава против полицаец, употребил прекумерна сила

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обивнителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против А.Т. од Охрид, вработен како полицаец во МВР.

Пријавениот во својство на полицаец при полициската станица во Охрид при превземање на на службени дејствија, неосновано и прекумерно употребил физичка сила над К.Н. од Охрид. Поради ваквите дејствија против лицето е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.

Од МВР велат дека одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност, полицискиот службеник ќе биде суспендиран од своето работно место до завршување на постапката.