„Комунална хигиена“ се пресели кај Скопски саем

Од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје преку соопштение до медиумите информира дека од понеделник ќе стартуваат со работа од новото седиште на Претпријатието кое сега се наоѓа во поранешната управна зграда на ФАС „11-ти Октомври“ во близина на Скопскиот Саем.

Меѓудругото имајте на ум дека досегашното седиште на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, на бул. Илинден бр.1, веќе не е во функција.