Kолач со несквик и нутела

Состојки:

3 јајца 

2 дл. млеко 

1,5 дл. масло 

1 шолја шеќер 

1 шолја брашно 

3 лажици несквик 

1 прашок за пециво 

200 гр. нутела

Подготовка:

Јајцата, млекото, маслото и шеќерот се матат со миксер. 

Се додава несквик и прашок за пециво, па на крај брашно. 

Се мати да нема грутки. 

Се става смесата во плех со хартија, па се пече 30 минути на 180 степени. 

Се премачкува готовата кора со нутела и се наросува несквик. 

Се сече на коцки.