Чоколаден колач со вишни

За овој рецепт можете да користите и смрзнати вишни.

Состојки:

330 гр брашно
170 гр шеќер
200 мл кисела вода
100 мл масло
4 јајца
50 гр какао
Еден ванилин шеќер
Половина пециво
250 гр вишни (извадете ги семките ако користите свежи)
50 гр сецкано темно чоколадо

Подготовка:

Најпрво намастете го калапот во кој ќе печете. Вклучете ја рерната на 200 степени. 

Најпрво измешајте ги сувите, па додавајте ги влажните состојки (освен вишните и чоколадото). По потреба, матете со миксер. 

Распоредете ја смесата во тавата и одозгора ставете ги вишните и чоколадото. Печете околу 20-25 минути.